70 санкции за брзо возење на територија на СВР Штип

Од:

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се санкционирани 70 возачи за пребрзо возење на територијата на СВР Штип.

„Денеска (25.11.2021) во периодот од 08.00 до 14.00 часот на територијата на СВР Штип спроведена e зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 70 возачи. Од нив 32 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 38 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

За шест часа полицајците напишаа 708 казни за брзо возење

А1он

Се претставуваат како спасители на повредени роднини и им ги земаат заштедите на повозрасните

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години