70-годишник силувал 11-годишно девојче

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години.

Осомничениот 70-годишник, извршил друго полово дејствие спрема 11-годишно девојче на кое му одржувал дополнителни часови.

– Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување повеќе мерки на претпазливост со цел обезбедување на неговото присуство и непречено водење на кривичната постапка: забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање патна или друга исправа на осомничениот за преминување на државна граница односно забрана за нејзино издавање, забрана за приближување или воспоставување односно одржување контакти или врски со детето/жртва, забрана за одржување часови на други деца и забрана за посетување на домот на семејството на детето жртва., информираат од Јавното обвинителство.

Би можело да ве интересира

Кавадарчанец пронајден починат во викендичка, телото на обдукција

ВИДЕО: Три тинејџерки претепале 11-годишно девојче, снимка од тепачката објавиле на социјални мрежи

Катерина Ѓуровски

Го нападнал и сечел со мачета, српски полицаец во критична состојба

Уругвајци тешко повредени откако излетале со мотор во кривипаланечко

Ја удрил со автомоби, па ја тепал сопругата со која се разведувале

Починат Турчин пронајден во хотел на Бит Пазар

Катерина Ѓуровски