Седум повредени во пукањето во кое е убиен познат криминален бос во Скопје

Од:

Како што објави А1он, двојно убиство се случи вечерва во стара чаршија во Скопје. Убиството се случило нешто пред 21 часот,  кај кафе барот „Шиша бар“. Според првичните информации кои ги добивме од очевидци имало престрелка во која убиени се две лица, а според очевидците убиените се добро познати на криминалното подземје.

Според најновите информации до кои дојде А1он, при ликвидацијата на познатиот нарко бос, со повреди се здобиле уште седум лица кои се нашле на местото. Дел од нив се со потешки повреди, дел со полесни и се веднаш пренесени на ургентната клиника. Засега нема потврдени информации дали сите повредени се со прострелни рани или се работи за друг вид на повреди. Нема ниту информација дали се работи за случајни минувачи и гости во кафулето или пак биле дел од пресметката.

Од МВР потврдија дека имало пукање во стара чаршија во близина на скопското Кале. Местото го обезбедуваат неколку полициски екипи и пристапот е ограничен, во тек е увид.

Според информациите на МВР имаат потврда за еден повреден –  А.Т. кој е пренесен во болница за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се вели во првичното соопштение од МВР

Како што веќе објави А1он, очевидци на инцидентот тврдат дека убиените се две лица добро познати на криминалното подземје. А, за едниот од нив  тврдат дека се работи за извесен криминален бос – Јетон викан Жила.

Дали се работи за криминална пресметка допрва ќе се утврдува. Убиството се случило пред сведоци кои биле присутни во кафе барот, но и околните локали во чаршијата.

 

Би можело да ве интересира

МВР: Пронајдено е детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот

(ВИДЕО) МВР: Претрес во дом кај двајца полициски службеници, пронајдено е оружје

Загина 60-годишник од виничко, со трактор излетал од пат

Катерина Ѓуровски

Битолчанец четири месеци силувал и уценувал 18-годишна девојка

Полицаец оставил куче затворено во кола час и половина, умрело: Поднесена му е кривична за убивање и мачење животни

Катерина Ѓуровски

Швајцарски џип прегазил велосипедист во Тетово и побегнал