7.616 лица досега починаа од Ковид-19 во земјава

Од:

Бројот на активни ковид случаи во земјава изнесува 8.037, од кои најголем број, 3.826 се во Скопје, покажуваат вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје. Регистрирани се нови 342 случаи на Ковид-19, од направени 2.349 тестирања, седум починати и 348 оздравени пациенти.

Од Министерството за здравство апелираат граѓаните да се вакцинираат, бидејќи само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2.

-Во период од 6 август до вчера на територијата на државата 60.772 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид 19, од кои 31 отсто биле целосно вакцинирани, односно 19.025 лица. Според статистика за изминативе месеци, 41.747, граѓани, односно 69 отсто од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани, се наведува во анализата што вчера ја објави Министерството.

За вакцинирани, како што се посочува, се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

Во период од 6. август до вчера од вкупниот број починати со Ковид-19, 79 отсто биле невакцинирани, а 21 отсто примиле вакцина. Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска