Цвеќе на мирот за 69-тиот роденден на Бан Ки-мун

Од:

По повод 69-от роденден, на Генералниот секретар на ООН Н.Е. Бан Ки Мун, Македонското здружение за култура, обичаи и традиции „Гороцвет“ и  Амбасадата за мир-Македонија  организираат манифестација „Родендеско цвеќе на мирот за Бан Ки Мун“ со  порака за мир, разбирање, слога и љубов за сите луѓе во светот.

Покрај честитките за роденденот на Бан Ки Мун, граѓаните на урбаната заедница „Невена  Георгиева –Дуња“, Центар изразуваат искрена благодарност за неговото ангажирање во изнаоѓање на решение за името на РМ во рамките на Обединетите Нации.

Настанот ќе биде збогатен со поетско, ликовно, музички перформанс во кој ќе земат  учество истакнати поети, музичари, а сликарот хуманист Живко А. Поповски – Цветин подготви  слика „69 македонски цвеќина на мирот за Бан Ки Мун“ создавани со многу љубов во Скопје  – градот на светската солидарност.

Во поетскиот дел ќе настапат: Весна Дамчевска Илиевска, Есад Бајрам, Ангелина Мркус, Славка Арсова, Јерка Тот Наумова, Горан Анчевски, Душко Кралевски, Мирче Нешовски, Елена Пренџова, Лидија Јеремиќ, Пунторие Зиба Муча и др., а во музичкиот дел ќе настапат групата „Серенада“, оперската певица Серафина Фантаузо и Вејчеслав Поповски.

Сликарот Живко А. Поповски – Цветин кој е иницијатор, организатор и координатор на настанот на дел од присутните учесници и гости ќе им подари симболично 69 минијатури цвеќина на мирот, а сликата за Бан Ки Мун со порака за мир ќе биде испратена по пошта во седиштето на ООН.

Во поддршка на настанот се вклучуваат Словачката Амбасада во РМ и Н.Е. Амбасадорот Д-р Роберт Кирнак, Општина Центар и градоначалникот Андреј Жерновски.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски