67 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, 18 упатени на вонреден технички преглед

Од:

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 12 до 16 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома, извести МВР.

– При контролата констатирани се две кривични дела за возење без лиценца по член 284 – а од Кривичен законик и 65 сообраќајни прекршоци. Од нив осум за возење без возачка дозвола, еден за неносење сигурносен појас… Упатени на вонреден технички преглед се 18 возила, соопшти МВР.

– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози