Куклиш доби нов парк

Од:

Заврши уредувањето на новиот парк во населеното место Куклиш. Жителите добија катче, комплетно уредено со урбана опрема, детски реквизити, осветлување и соодветно хортикултурно уредување, информираат од општина Струмица.

– Со изведбата на паркот во Куклиш заврши и уредувањето на последниот од предвидените пет паркови чија изведба започна во мај годинава. Покрај Куклиш, нови паркови, површини се уредени во населените места Просениково, Свидовица, Костурино и Муртино. Целата инвестиција на овие паркови е од околу три милиони денари, стои во писменото соопштение од општината.

Оттаму посочија дека локалните власти ќе продолжат со подобрувањето на условите за живот на граѓаните во населените места.

Истовремено, општината апелира до граѓаните од петте населени места да ги чуваат и одржуваат парковите, затоа што тие остануваат во нивна сопственост и за нивни потреби.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски