Во возило пронајдени 30 килограми марихуана, приведени три лица, меѓу нив и 63-годишен арачиновец

Од:

Во автомобил управуван од 63-годишен арачиновец, на регионалниот пат Дебар-Маврово, во вечерните часови на 7 февруари, полицијата пронашла околу 30 килограми марихуана.

Како што информираат од МВР, автомобилот „цитроен“ со скопска регистрација, бил сопрен во близина на Мелнички мост, а при преглед на истиот полицијците пронашле и одзеле три јутени вреќи со околу 30 килограми марихуана.

Арачиновецот бил приведен, а по дополнително преземени мерки, на граничниот премин „Блато“ во близина на Дебар, приведени биле и двајца албански државјани на возраст од 41 и 45 години.

По наредба на надлежен Јавен обвинител, приведените лица се задржани во полициска станица во Дебар за натамошна постапка.

 

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Уапсен е Предраг Вулетиќ, соработник на Вулин: Осомничен е дека го оштетил буџетот за 131 милион динари

Приведен e командантот на САЈ, Игор Жмириќ и неколку членови на ЈЗО

Горан Наумовски

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица

Уапсен е Марко Кричак, еден од најмоќните луѓе во српската полиција

Исчезнаа 7,8 тони медицински канабис од фирма во струмичко, МВР поднесе кривични пријави