ФОТО: Криел 500 грама хероин во гаќи

Од:

Центарот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Оддел за недозволена трговија со дрога во содејство со Царинската Управа заплени околу 500 грама хероин, со што е пресечен меѓународен канал за недозволена трговија со хероин на релација од Турција до Македонија.
Запленетиот хероин, наменет за домашниот нарко пазар, е со висок квалитет и при продажба на мало би достигнал цена од 50.000 евра.

На граничниот премин „Богородица“ во утрово околу 03,30 часот на влез од Македонија од страна на полициски службеници и службеници од Царинската Управа извршен е преглед и контрола на патници во автобус со македонски регистарски ознаки кој сообраќал на редовна автобуска линија Истанбул-Скопје.

Употребено е службено куче за откривање наркотични дроги при што кај лицето Ќ.А.(22) од Скопје, детектирано е присуство на наркотична дрога.

Кај Ќ.А. е извршен претрес и на задниот дел од телото сокриен во долниот веш и е пронајдено едно пакувања со правоаголна форма облепени со селотејп трајка исполнети со прашкаста материја со кафена боја.

По направено тестирање на лице место, потврдено е дека се работи за хероин, кој е предаден на вештачење во Одделот за криминалистичка техника на Министерството за внатрешни работи.

По целосно документирање и расчистување на случајот ќе биде поднесена кривична пријава против Ќ.А. осомничен дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори”.

Лицето заедно со кривичната прија во текот на денот ќе биде изнесено пред истражен судија во Основното Јавно обвинителство-Велес.

Се преземаат дополнителни мерки и активности заради целосно расчистување на случајот, утврдување и кривично правно санкционирање и на други инволвирани лица.

Би можело да ве интересира

Полициски претреси во Скопје и Куманово, запленета е голема количина на амфетамин, уапсени се неколку лица

Горан Наумовски

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

(ВИДЕО) Запленети над два тона сув цвет од канабис од објект на фирма во Зелениково

„Њујорк тајмс“: Маск се дрогирал многу повеќе отколку што претходно се знаеше

Горан Наумовски

Европол: Запленети 780 килограми кокаин, уапсени 14 лица во три земји

А1он

Големо апсење во Хрватска