5-тонска карпа падна врз куќа во Тетово

Од:

Петтонска карпа утрово околу 7 часот и 45 минути го урнала потпорниот ѕид и ѕидот од куќата на семејството Шакири, што се наоѓа во горниот дел од градот над православните гробишта.

Во несреќата полесно е повреден 32-годишниот Насер Шакири, кој има набиеници на десното рамо и ногата и по укажаната помош во тетовската болница е пуштен дома.

Според неговиот татко Идавер Шакири, тој само слушнал бучава пред да паднат карпите над нивниот дом, така што не можел нeшто повеќе да реагира.

Во семејството Шакири се вкупно шест члена и од примања имаат само пензија на мајката на Идавер. Тој апелираше до сите луѓе да им помогнат во справувањето со последиците од падот на карпата.

Местото утринава го посетил и градоначалникот Сади Беџети кој му ветил на семејството Шакири дека општината ќе му помогне во расчистувањето и подигањето на карпата, а ќе му додели и определени финансиски средства за обнова на куќата и потпорниот ѕид.

Фото: Илустрација

Би можело да ве интересира

Според тетовската полиција, кучето кое со страотни крици падна од зграда,никој не го турнал

Катерина Ѓуровски

Анима Мунди: Инвеститорот и пожарникари го натерале кучето во Тетово да скокне

А1он

Експресно оттуѓен имотот на делницата Тетово-Гостивар, заглави експропријацијата кон Букојчани

Орце Костов

Фирмата на семејството Дестани која требаше да ја гради фабриката за автомобили во Тетово оди во стечај

Орце Костов

Кривична за екс директор на ПИОМ Тетово – вработувал и давал плата на лица кои не ни доаѓале на работа

Тетовка излажала познаник дека ќе се венчаат, па го ограбила

Горан Наумовски