47.095 евра, 603.000 денари и 250 швајцарски франци заплени Финансиската полиција при претрес на дом на лажен адвокат

Од:

47.095 евра, 603.000 денари и 250 швајцарски франци се запленети при претрес на дом во Гевгелија, информираат од Управата за финансиска полиција.

„Постапувајќи по добиени оперативни сознанија за сомнение за сторени кривични дела Даночно затајување по чл. 279, Измама по чл. 247, Помагање по чл. 24, Соизвршителство по чл. 22 и Фалсификување и уништување деловни книги по чл. 280, од КЗ на РСМ, од страна на физичко лице, Управата за финансиска полиција изврши претрес на дом и други простории во Гевгелија, каде живее и работи лицето, со цел да се обезбедат електронски уреди, компјутери, УСБ, хард дискови и други преносни уреди, тефтери, сметководствена и деловна документација, лични документи од други лица (пасоши), кои би послужиле во докажувања на сторените кривични дела.

При извршениот претрес во домот на лицето, беа пронајдени и привремено се одземени парични средства во вкупен износ од 47.095 евра, 603.000 денари и 250 швајцарски франци, детално опишани со сериски броеви, исто така одземени се 1 Лаптоп, 1 десктоп компјутер и 2 мобилни апарати, како и голем број на деловна документација за извршени промени на правни лица во Централниот Регистар на Република Северна Македонија (ЦРСМ).

Имено, од сознанијата со кои располага Управата за финансиска полиција ова лице лажно се претставувало дека е адвокат и регистрационен агент за упис на промени во ЦРСМ и посредувал и вршел промени на сопственичката и управувачката структура на правни лица низ целата територијата на Република Северна Македонија, кои имале неподмирени даночни обврски по повеќе основи (ДДВ, данок на добивка, персонален данок, придонеси), а се со цел истите да не бидат подмирени и платени од даночните обврзници, на начин што со промената на сопственоста и управувачката структура се назначени лица од кои не може да се изврши наплатата, или пак истите се странски државјани и се недостапни на органите за прогон. Имено, ова лице за одреден паричен надомест (најчесто 100 евра), искористувал социјално загрозени и сиромашни лица, кои ги ставал во заблуда и им давал лажни информации дека правните лица немаат никакви долгови и обврски, кои за паричниот надомест се согласиле да потпишат документација со која ја презеле сопственоста на правните лица, додека пак за управители на предметните правни лица искористил податоци од лица – странски државјани кои никогаш не влегле во територијата на РСМ ниту пак имале регулиран престој. Воедно, со цел да ги изврши промените во ЦРСМ за седиште, назив, управител и други промени, ова лице, свесно ги фалсификувало потписите на новите сопственици и во нивно име ги потпишало сите изјави и полномоштва и друга документација потребна да се извршат промени во ЦРСМ.

По завршување на предистрагата и целосно документирање на случајот, од страна на Управата за финансиска полиција до надлежното Јавно Обвинителство ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он

Екс-директорот го украл ехо апаратот од болницата во Кичево

Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски