461 санкција за брзо возење на територија на цела држава

Од:

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе зајакната акциска контрола на територијата на целата Република за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 461 возач.

Од нив, како што информираат од МВР, 45 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 20 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Засилените акциски контроли, како што велат од МВР, продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ