42 години дебата за амандманите на Законот за бранители

Од:

Цели 42 години ќе треба да работи Комисијата  за  труд и социјална политика, доколку ДУИ продолжи со денешното темпо и ветување, дека ќе разгледуваат по еден амандман дневно за Законот за бранители.

Ова ќе значи дека ќе треба да работат без саботи и недели, без празници, без славење на Нова година, Бајрам и Велигден.

Значи некои од парламентарците на 80-тина или 90-тина години, со бастум ќе доаѓаат до законодавниот дом и ќе дебатираат за правата на бранителите, дали законот е антиалбански, и дали треба и припадниците на ОНА да ги добијат истите права како и бранителите. И се разбира ќе треба да го смениме изборниот систем, и сегашниот состав ќе треба да го инаугурираме и да им дадеме   доживотен пратенички мандат.

А доколку се „смилуваат“ па се поминуваат по „цели“ два амандмани ќе треба „само“  21 година.

Никој не го оспорува правото на дебата, но доколку има разрешница. Надмудрувањата  во Комисијата допрва престојат. Седницата продолжува  во вторник во 11 часот.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Гаши не го почитува Деловникот, бранителите ќе извисат поради желбите на ВЛЕН

ДУИ: ВМРО го принуди Влен да го поддржи Законот за бранители

Мицкоски: Бранителите ја имале, ја имаат и ќе ја имаат мојата недвосмислена поддршка

Горан Наумовски

Игор Димески: Левица ќе направи сè, за да се институционализираат барањата на бранителите од 2001

А1он

Тошковски ги посети семејствата на загинатите бранители кои престојуваат во одмoралиштето на МВР во Пониква

А1он

Ангелов: Со Предлог законот за бранители да се обесштетат семејствата на загинатите бранители

Горан Наумовски