Од вкупно 85.179 лица кои досега се заинтересирани да примат вакцина против коронавирусот, 38 илјади се над 70-годишна возраст, објави Министерството за здравство.
Вакцинацијата во земјава почна вчера со имунизација на 202 здравствени работници.
Министеството за здравство укажува дека сите вакцини се безбедни и развиени на безбедни платформи.
-Со нив, секој ден сме чекор поблиску до крајот на пандемијата предизвикана од КОВИД-19, објави МЗ на официјалната фејсбук-страница.