34 лица од Охрид во изолација поради контакт со полицајците заразени со коронавирус

Од:

По дијагностицирањето на коронавирус кај седум вработени во Единицата за брзо распоредување при МВР, во изолација се ставени 34 лица од Охрид кои имале контакт со нив. Затворено е и одморалиштето на МВР каде што престојувале полицајците изминатата недела поради своите работни активности. Од објектот каде биле сместени, во изолација се ставени 18 вработени.

Сега, МВР има 46 полициски службеници надвор од функција, ако во предвид се земат и останатите полицајци од други единици кои се инфицирани од вирусот.

„По направена епидемиолошка анкета на 33 полициски службеници им се издадени решенија за изолација,а двајца полициски службеници ги чекаат решенијата за изолација од ДЗСИ . Направена е комплетна дезинфекција на одморалиштето на МВР во Охрид“ информираат од МВР за „А1он“.

Директорот на Центарот за јавно здравје-Охрид, Сашо Точков, за „А1он“ вели дека епидемиолошката анкета е во тек, а тие кои контактирале полицајците ќе останат во изолација уште седум дена. Во однос на дезинфекцијата на објектот каде престојувале полицајците, тој вели дека тоа се правело по секоја ротација на вработените во МВР.

Во полицијата, има еден заболен во Единицата за специјални задачи, 2 од СВР Тетово, како и тројца во СВР Скопје.

Решенијата за изолација за лицата кои биле во контакт со полицајците, што престојувале во Охрид, се издадени и важат до наредниот четврток. Инаку, тие извршувале задачи во рамки на објектите кои сега се државни карантини и се сместуваат лица кои влегуваат во државата, а доаѓаат од странство. Здравствените власти работат на откривање на нултиот пациент од кого тргнало пренесувањето на коронавирусот меѓу нив.

Би можело да ве интересира

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски