33-годишна прилепчанка убиена од партнерот, пред нејзиниот 10-годишен син

Од:

Во центарот на Прилеп, во населбата Тризла, синоќа по расправија била убиена 33-годишна прилепчанка. Сторител е нејзиниот партнер со кого живеела во вонбрачна заедница. Осомничениот на возраст од 36 години со неколку убоди од нож во пределот на градниот кош ја усмртил сега починатата. Настанот се случил во присуство на десет годишното дете на жртвата.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Припеп изврши увид на лице место заедно со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи. Обезбедени се и подигнати траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење. Јавниот обвинител издаде наредба за вршење на обдукција на телото на починатата. Според првичната информација од контролата со апарат за мерење на количината на алкохол – дрегер, осомничениот во себе имал повеќе од 2 промили алкохол. Точниот податок ќе се знае откако ќе заврши анализата на крв и урина од осомничениот која е побарана од обвинителството. Осомничениот не го напуштил местото на настанот и е веднаш лишен од слобода.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп ги презема сите дејствија за целосно расчистување на предметот.​

Би можело да ве интересира

Определен e притвор на шест лица за случајот со Прилепската болница

Побаран притвор за шестмина и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница

Денеска во Прилеп гласаат 298 болни и изнемоштени, 60 штитеници и 119 осуденици во прилепскиот затвор

ВМРО-ДПМНЕ: Продановски e вистинскиот избор за градоначалник во Општина Прилеп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хаос во Прилеп: Две банди се пресметаа во дворот на болницата

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај