33-годишен маж е тешко повреден во фабрика во Кавадарци

Од:

Со тешка повреда се здоби 33-годишниот М.К. од Велес, додека извршувал работни задачи во фабрика во Кавадарци.

– Од Општа болница – Кавадарци рано изутрина во 2:30 часот било пријавено дека кај нив со тешка телесна повреда бил донесен М.К., на возраст од 33 години, информираат попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Според пријавеното, М.К. од Велес се здобил со повредата при извршување на работни задачи во фабрика во Кавадарци.

Како што додаваат од СВР – Велес, за настанот биле известени јавен обвинител и трудова инспекција. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР – Кавадарци.

Би можело да ве интересира

Момче почина во кавадаречко Возарци

Семејно насилство во Кавадарци: Пијана жена од Хрватска со нож го избоде сопругот

Горан Наумовски

Опожарени две хали од магацински простор на конфекција во Кавадарци

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

Тешка сообраќајка во Кавадарци, повреден е пешак

Доживотен затвор за братоубиство во Кавадарци

А1он