318 санкции за прекршоци што ги прават пешаците

Од:

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 11.00 до 16.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците, при што санкционирани се 318 пешаци, велат од МВР.

– При тоа 250 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, 44 за минување на црвено светло…Од нив 156 на територија на СВР Скопје, 41 на територија на СВР Битола, 31 на територија на СВР Тетово… За време на контролата регистрирани се и 139 останати прекршоци, соопшти портпаролот на МВР, Гоце Андреевски.

– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава