311 санкционирани возачи во Скопје: 130 за пречекорена брзина, 49 мотоциклисти

Од:

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

– На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 311 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 17 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 130 прекршоци, технички неисправни и нерегистрирани возила 17, 49 санкционирани мотоциклисти и едно привремено одземено возило, 73 мерки за непрописно паркирани возила и 78 возила подигнати со пајак (вкупно 151), а изречени се и 15 санкции за неносење на заштитна маска, информираат од МВР.

Оттаму велат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози