301 санкционирани возачи во Скопје, 128 за пречекорена брзина

Од:

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

– На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 301 санкција, меѓу кои возење без возачка дозвола 13 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 128 прекршоци, технички неисправни и нерегистрирани возила 26, 80 мерки за непрописно паркирање, известува МВР.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, а од Министерството апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози