300.000 денари од центарските градинки и училишта за настраданите од земјотресите во Турција и Сирија

Од:

Денес се одбележува Светскиот ден на социјалната правда – 20 февруари и по тој повод општинските училишта и градинки ќе донираат 300.000,00 денари за настраданите од земјотресите во Република Турција и Сирија.

Одбележувањето на овој ден се темели на основните принципи за соживот и колективен развој помеѓу народите, а фокусот е насочен кон фер и праведни резултати за секого преку социјалната заштита, правдата и социјалниот дијалог. По тој повод, во рамки на центарските училишта и градинки се организираше хуманитарен настан за собирање парични средства кои ќе бидат донирани за помош на населението во Турција и Сирија, а покрај средствата учениците донираа и детска облека и средства за хигиена.

„По катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година, со помош од Швајцарската влада е реализиран проектот за изградба на ООУ ‘Јохан Хајнрих Песталоци’ и оттогаш ова училиште претставува симбол на квалитетно образование, но и симбол на солидарност помеѓу Швајцарија и Република Северна Македонија. Сакам јавно да им се заблагодарам на воспитно-образовниот кадар од сите основни училишта и градинки во Општина Центар, како и на родителите и на учениците кои несебично се вклучија во оваа хуманитарна мисија за помош на Турција и Сирија – изјави Герасимовски.

Паричната помош во износ од 300.000,00 денари ќе биде донирана на посебна сметка на Фондот за солидарност на Црвениот Крст на Република Северна Македонија и овие средства се доделуваат во знак на хуманост и солидарност за настраданите и нивните семејства во Република Турција и Сирија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Герасимовски ја претвори општина Центар во магацин на нереализирани ветувања

ЗНАМ: Градоначалникот на Центар во заминување, гради без закон, троши без логика

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Герасимовски: Полицијата, а не ПОЦ, одбивала да го подигне возилото, МВР да ги санкционира

Катерина Ѓуровски

Малолетниците кои вандализираат да вршат општокорисна работа, ЗЕЛС ја прифати иницијативата на Герасимовски

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Повторно малолетнички вандализам во Капиштец, кршење и тепачки

Горан Наумовски