30 проценти повисоки плати, колетивни договори без аномалии или протести се заканија здравствените работници

Од:

Колективните договори на здравствените работници имаа многу аномалии, синдикатите упатиле барања за решавање на ова прашање и во Министерство за финансии и во Министерство за здравство, но не добиле одговор. Ако не добијат решение до септември, најавуваат „жешка есен“ со протести заедно со полицијата. Синидалкците денеска беа на средба во Министерството за информатичко оптество.

– На состанокот се реши дека има голем број аномалии во колективниот договор во врска со здравствените работници, со здравствениот административен персонал, со техничкиот персонал за коишто има потреба да се решат постепено, истакна во изјава за медиумите, националниот координатор за независните синдикати за здравство, Боби Бојчевски, по средбата.

Додаде дека здравствените работници се донесени до маргинализација за да преживеат ден.

– Ние затоа како независен синдикат ќе се бориме за оваа категорија на луѓе, да се решат овие аномалии од прва до четврта група каде што според сложеноста на работните односи првата група има поголема плата од четвртата група, рече Бојчевски.

Тој подвлече дека „подобро е да се гасне оганот додека жари, а потешко е кога ќе се направи пожар“, бидејќи, како што кажа, здравствените работници не можат да го издржат месецот, не можат да го преживеат денот.

– Ако не се решат овие работи во септември ќе бараме протест и бараме покачување на платите на здравствените работници за 30 проценти. Кога може на други вработени да им се покачува платата за 30 проценти, ние се чувствуваме како дискриминирани во ова општество, посочи Бојчевски и најави масовни протести во септември што ќе бидат поддржани од сите синдикати.

Претседателот на независниот синдикат на геријатрија, Лазо Костовски, рече дека на денешната средба разграничено е дека негувателките и болничарите биле ставени во технички персонал а треба да се водат како здравствено работници, а откако ќе се водат како здравствени работници и коефициентот за нив треба да биде поголем и нема да бидат во категорија на минималец.

– Сега понатака останува на работодавачите, дали ова од денешната средба ќе го прифатат и ќе го внесат во документите или пак ќе си продолжат како досега, да не ги признаваат како здравствени работници туку да продолжат како технички персонал, што не е во ред, нагласи Костовски.

Додаде дека од МИОА добиле насоки дека ова Министерство е директно вклучено со оваа категорија на вработени во секторот на здравството, меѓутоа иако имаат поднесено барања до министрите за финансии и за здравство, рече дека не добиле никаков одговор, но рече дека отсега ќе вршат притисок во овие министерства за решавање на проблемите.

Тој информираше дека во геријатрија има околу 50 вработени по договор и бараше да се смени законот кој ќе овозможи на овие вработени, наместо по пет години да бидат под договор, да бидат само шест месеци.

И Костовски исто така најави „жешка есен“ со протести ако не се најде решение со министрите за финансии и за здравство до септември.

Би можело да ве интересира

Здравствените работници бараат повисоки плати или ќе протестираат

Синдикатите и Министерството за здравство се договорија, ќе има зголемување на платите до 3000 денари

Самостојниот синдикат за здравство со финансиска поддршка за обезбедување маски за ЈЗУ

Ана Ололовска

Самостојниот синдикат за здравство бара корекции на платите на вработените во дејноста

Ана Ололовска

Самостојниот синдикат за здравство ги осудува нападите врз докторите