Самостојниот синдикат за здравство со финансиска поддршка за обезбедување маски за ЈЗУ

Од:

Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита преку соопштение апелира до менаџерските тимови на сите јавни здравствени установи во државата во оваа вонредна состојба за максимално придржување и спроведување на мерките за заштита од коронавирусот, особено за оние здравствени работници и вработени кои се во директен контакт и непосредна близина со пациентите.

Од Синдикатот посочуваат дека ќе преземат и активно учество со финансиска поддршка во обезбедување на заштитни маски, во кои еден дел би биле и пософистицирани маски за директно изложените, кои ќе бидат испратени до менаџерските тимови во јавните здравствени установи во одредена количина од наредната недела.

Здравствените работници, истакнуваат од Синдикатот, им се потребни на граѓаните повеќе од било кога досега во борбата за заштита на јавното здравје.

Во новонастанатата ситуација, свесни сме за ризикот и изложеноста на вирусот на нашите вработени во здравствената дејност. Ја поздравуваме активноста на Министерството за здравство во делот на превземените мерки, а посебно ангажманот на министерот за здравство Венко Филипче, додаваат од Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита.

Би можело да ве интересира

Почна протестот на Самостојниот синдикат за здравство

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Здравствените работници бараат повисоки плати или ќе протестираат

30 проценти повисоки плати, колетивни договори без аномалии или протести се заканија здравствените работници

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Синдикатите и Министерството за здравство се договорија, ќе има зголемување на платите до 3000 денари