30-годишниот Иван преживеал 18 часа во морето држејќи се за топка

Од:

30-годишниот Иван кој 18 часа помина во вода го спасила топка која ветерот ја донел во морето. Се држел за неа се до моментот додека не го пронашол товарниот брод денеска околу пладне. Оваа информација ја сподели градоначалничката на Касандра Анастасија Чалкина за грчките медиуми.

„Многу сме среќни поради среќниот крај. Човекот е во добра здравствена состојба, прилично дехидриран, но е добро“, изјави Чалкиа за protothema.gr.

„Пред малку ми кажа дека успеал да преживее благодарение на топката што ја нашол во морето. Успеал да ја држи топката цели 19 часа. Тој е многу силно човек и е во добра форма, паметен и одлично се справуваше со ситуацијата“, нагласи таа.

Во исто време продолжува потрагата по третото момче од Македонија кое од вчера попладне се води како исчезнато во морската област во Посеиди, Халкидики.

Продолжува потрагата по третиот исчазнат од групата пријатели. Сите трјоца вчера попладне влегле во морето и многу брзо ги однеле силните водени струи. Едниот од нив беше пронајден вчера.

Би можело да ве интересира

Висок грчки офицер e уапсен за шпионажа

Горан Наумовски

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски

ВИДЕО: Трагедија во Грција: 15 мигранти загинаа во судар на чамец и патролен брод

ВИДЕО: Невремето во Грција однесе две жртви

Снежна бура во Грција, училиштата затворени во неколку региони

Снег падна во Грција – наставата во училиштата прекината, сообраќајот е во хаос

А1он