30-дневен притвор за 30 членови на терористичката група

Од:

Скопскиот Основен суд на 30 приведени членови на терористичката група им определни мерка притвор во траење од 30 дена.

Во Основниот суд Скопје 1 – Скопје, во текот на вчерашниот ден, во неколку одвоени групи беа спроведени вкупно 30 лица осомничени за повеќе кривични дела, со предлог на Основното Јавно обвинителство за организиран криминал и корупција за определување мерка притвор.

Станува збор за 18 лица, државјани на Косово, две лица државјани на Република Македонија со привремен престој во Косово, 9 лица државјани на Република Македонија и едно лице албански државјанин со престој во Германија. Повеќето од нив се произнеле дека во Македонија се влезени на илегален пат.

Сите 30 лица се со предлог за определување мерка притвор од ОЈО за организиран клриминал и корупција.

Дваесет и три лица, како што стои во соопштението, заради основано сомнение дека ги сториле кривични дела терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, здружување заради непријателска дејност, недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Останатите седум лица заради основано сомнение за кривичните дела терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста и здружување заради непријателска дејност.

– По спроведување на осмничените лица во Основниот суд Скопје 1 – Скопје поеднично за секое лице во присуство на адвокат и овластен преведувач кој беше повикан по нивно барање, судија на претходна постапка ги разгледа доказите и фактите приложени од ОЈО за организиран криминал и корупција и оцени дека се исполнети условите за определување на мерка притвор и на сите 30 осомничени им определни мерка притвор во траење од 30 дена, се наведува во соопштението од Основен суд Скопје 1 – Скопје.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он