30-дена притвор за битолчанец за производство и пуштање во промет наркотични дроги

Од:

Полицијата поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство-Битола против битолчанецот О.П.(30) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Судија на претходна постапка од битолскиот Суд, на пријавениот му одреди мерка притвор во траење до 30 дена.

Пријавениот, како што информира денеска МВР, подолг период од непознато лице, во поголеми количини, набавувал наркотични дроги хероин и марихуана, кои во неговиот дом ги препакувал во помали пакувања и ги продавал на зависници.

На 28 февруари годинава, по претходно добиена наредба од Основен суд-Битола, бил извршен претрес во дом и други простории, како и во возилото на О.П.. При претресот, биле пронајдени и со потврда биле одземени три најлонски пакувања со хероин со маса од 74,08 грама, едно најлонско пакување со марихуана, дигитална вага со траги од хероин, една дробилка со траги од марихуана, како и банкноти во различни апоени во висина од околу 57.000 денари.

Би можело да ве интересира

Алиу: Продолжува контролата – уште три лиценци за марихуана ќе бидат одземени

Тошковски: Сите инволвирани во шверцот на марихуана во Србија ќе одговараат

Шест компании останаа без лиценца за одгледување канабис, Мицкоски најави нови акции

Алиу: Одземени се лиценците на шест компании кои одгледуваа марихуана за медицински цели

Горан Наумовски

Разбиена мрежа за дрога – повеќе од 100 уапсени во Украина, Полска и Молдавија

А1он

Кривична пријава за десетмина поврзани со запленетите 40 тони марихуана