3 месеци условна казна за полицајците кои го фотографираа Чавков во Идризово

Од:

Условни казни затвор од три месеци добија двајца полицајци за неовластено фотографирање и објавување на фотографијата од ексдиректорот на БЈБ, Митко Чавков во затворот во Идризово, потврдија од кривичниот суд за А1он.

Обвинителството поднесе казнени налози за двајца обвинети.

Од судот за А1он велат: „Донесена е неправосилна првостепена пресуда со која двајцата обвинети се огласени за виновни за кривичното дело Неовластено снимање од член 152 ст.2 в.в. ст.1 од КЗ и им се определува алтернативна мерка – условна осуда во траење од 3 месеци затвор, кој нема да се рeализира, доколку во следните 2 години не сторат друго кривично дело”.

На 30 ноември 2017 година првообвинетиот како службено лице што било на стражарска кула го забележал Чавков, па искористил поволен момент и преку прозорското стакло без негова согласност го фотографирал, повредувајќи му ја приватноста.

Според обвинителството, првообвинетиот во приватна порака преку социјалните мрежи им ги испратил фотографиите на тројца колеги, меѓу кои и на второобвинетиот, кој понатаму фотографијата ја проследил на уште двајца униформирани полициски службеници.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он