„Македонска пошта“ денеска соопшти дека по извршениот попис на паричните средства по пожарот во вторникот недостигаат 15.206 денари или 247 евра.
Пописната комисија на парични средства констатирала дека делумно се изгорени и 3.000 евра кои пред пожарот биле подготвени да бидат доставени како дотација во пошта во Пробиштип.
Од благајната за менувачко работење, пред да настане пожарот биле спремени да достават 3.000 евра како дотација во Поштата 2210 Пробиштип. Пописната комисија истите ги најде делумно изгорени, неоштетениот дел од банкнотите е со сериски број, се наведува во соопштението.
Пожарот на зградата на „Македонска пошта“ избувна во вторникот во попладневните часови, а во неговото гаснење учествуваа 40 пожарникари со 20 противпожарни возила.