28 заболени од голема кашлица во Скопје

Од:

Вкупно 28 случаи на пертусис, народски кажано голема или магарешка кашлица, се евидентирани на територија на Скопје до утрово, потврди за МИА, доктор Лулзиме Бајрами од Центарот за јавно здравје.

Комисијата за заразни болести, меѓу другото, донесе препорака за прогласување епидемија на голема кашлица во Скопје.

Здравствените власти периодов апелираат до граѓаните да се вакцинираат и себеси и најмладите, со цел да се заштитат од пертусис. Како што нагласуваат, вакцината која се прима на 2,4,6,18 месеци и на 7 години е клучна за да се спречи понатамошно ширење на болеста.

УНИЦЕФ изрази загриженост од растечкиот број случаи на голема кашлица во земјата и од вестите за случаи со мали сипаници во регионот и се придружи кон повикот на здравствените експерти, до родителите и старателите, да ги вакцинираат децата што пропуштиле вакцинација.

Во државава има хоспитализирани деца, но и возрасни со пертусис. Надлежните сепак изминатите денови изјавија оти кај нас состојбата е стабилна и за разлика од други држави во регионот, за среќа, немаме смртни случаи.

Би можело да ве интересира

Во Србија уште едно бебе почина од голема кашлица

А1он

Десет нови случаи на голема кашлица, хоспитализирани три лица

Хоспитализирани уште три лица со голема кашлица, вкупно 981 случај во државава

Нови 38 случаи на голема кашлица, од нив шестмина хоспитализирани

631 случај на голема кашлица во земјава, три нови хоспитализации

Катерина Ѓуровски

Нови шестмина хоспитализирани, вкупно 553 случаи на голема кашлица до 9 мај