28-годишен кумановец почина по пад од хотелски балкон во Тирана

Од:

Трагичен настан се случил вчера попладне во Тирана, кога 28-годишно момче од Северна Македонија паднало од балкон на хотелот „Рогнер” и починало.

Станува збор за гостин во хотелот, кој во моментот кога се потпрел на металната ограда на балконот, таа се откачила и тој паднал.

– Првичните сознанија од истрагата потврдуваат дека металната ограда не била добро фиксирана и како последица на тоа момчето паднало од голема височина, односно од петтиот кат на хотелот. На местото каде што било паднато телото била и металната ограда. Истрагата продолжува, се наведува во полициското соопштение.

Момчето веднаш било пренесено во болница, каде им подлегнало на повредите.

Дел од албанските медиуми наведуваат дека станува збор за момче од Куманово, кое во Тирана допатувало на неколкудневен одмор од Швајцарија.

Би можело да ве интересира

Почина Ерик Дејн, ѕвездата на „Вовед во анатомија“

Комеморација за актерката Ленче Делова во Драмски театар

Почина Џеси Џексон, американскиот активист за граѓански права

Почина актерката Ленче Делова

Катерина Ѓуровски

Почина Натан Смит, синот на Лил Џон

Момче почина во кавадаречко Возарци