279 сообраќајни прекршоци во Скопје, 50 за брзо возење

Од:

Министерството за внатрешни работи извести дека во текот на вчерашниот ден продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

– На територија на град Скопје изречени се вкупно 279 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 50 санкции, 42 мерки за возење под дејство на алкохол, 21 санкција за возење без возачка дозвола, девет мерки за прекршоци што ги пешаците. Изречени се шест мерки за нерегистрирани возила, девет санкции за возач почетник, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…, соопшти МВР.

– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози