279 санкционирани сообраќајни прекршоци во Скопје, 110 за недавање предност на пешаци

Од:

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

– На територија на град Скопје изречени се вкупно 279 мерки, меѓу кои за недавање првенство на минување на пешаци 110, непочитување на брзината на движење 30 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 46 санкции за прекршоци што ги чинат пешаците. Изречени се осум санкции за зборување на мобилен телефон, две мерки за неносење на сигурносен појас и две санкции за управување под дејство на алкохол, велат од МВР.

– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, додаваат од МВР.

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он