25-годишна скопјанка погодена со пет куршуми

Од:

На улица „Брсјачка Буна“ во  Скопје, утрово околу 02,20 часот, во куќата сопственост на 62-годишниот Н.И., непознат сторител испукал шест крушуми и ја повредил 25-годишната Ѓ.Д..

МВР денеска соопшти дека во гостинската соба на приземјето од куќата седеле Ф.И.(37)  и внуката Б. Е.(16), со соседката  Ѓ. Д.(25). Притоа непознат сторител дошол до едно крило од терасната врата на гостинската соба и со употреба на огнено оружје, преку двојното термопан-стакло кршејќи го истото испукал во собата шест куршуми, при што ја повредил Ѓ.Д. и  го напуштил местото на настанот.

Ѓ.Д. со возило на Брза помош била пренесена во Ургентен центар – Скопје, каде што дежурен лекар  констатирал дека  се работи за тешки телесни повреди и тоа една влезно-излезна рана во левата рака, една влезна рана во левата града, една влезна рана во левата надколеница, една влезна рана во левата бутина и една влезна рана во пределот на градниот кош, по што  е префрлена на интензивна нега во КАРИЛ за понатамошно лекување.

На местото на настанот е извршен увид од екипа од СВР Скопје и во тек се мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски