25-годишен пациент од Охрид почина од Ковид-19

Од:

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се пријавени 32 починати лица, a најмладиот кој го изгуби животот како последица на вирусот е 25-годишен пациент од Охрид.

Во изминатото деноноќие, најмногу смртни случаи се забележани во Скопје каде починале 11 лица, најмладиот на возраст од 42 години.

23-годишно момче од Крива Паланка беше најмладата жртва на Ковид-19 во вчерашната статистика на Министерството за здравство, а пред неколку дена беше регистриран првиот случај на починат малолетник.

15-годишно девојче почина во Инфективната клиника во Скопје, како последица на Ковид-19.

Минатата седмица, исто така како последица на Ковид-19 почина 24-годишно момче од Ресен, кое првично ја напуштило болницата на свое барање, за следниот ден да се врати со сериозни компликации по што го изгубило животот.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски