Министерството за внатрешни работи известува дека во текот на вчерашниот ден продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
– На територија на град Скопје изречени се вкупно 241 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 82 санкции, 33 мерки за возење без возачка дозвола, 30 санкции за управување под дејство на алкохол. Изречени се 11 мерки за користење мобилен телефон, 14 санкции за нерегистрирани возила, 10 мерки за возач почетник…, соопшти МВР.
– Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.