24 Вести: На Ахмети не му се напушта владата

Од:

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пресметува кои би биле последиците од евентуалното напуштање на владата на Груевски, по бомбите на опозицијата и случајот „Пуч“, вели за 24 Вести висок партиски функционер.

Истиот функционер вели дека дилемите се дали со евентуалното напуштање на Владата би се продлабочила политичката криза и би се нарушила стабилноста на државата. Од друга страна, тој вели дека со останувањето се дава шанса на политичкиот дијалог со меѓународно посредништво да се најде излез од состојбата.

Извор од ДУИ за Плусинфо тврди дека коалциијата на интегративците и ВМРО-ДПМНЕ сепак нема да опстане ако се обелоденат бомби во врска со случаите „Сопот“ и „Смилковско Езеро“.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански