24 санкционирани возачи за затемнети стакла и флешери

Од:

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во периодот од 27.09.2021 до 03.10.2021 е спроведена контрола за санкционирање на возила на кои се вградени неатестирани фолии (затемнети стакла) и користење на уреди за светлосни и звучни знаци, при што санкционирани се 24 возачи.

„Од нив, 23 возила имале вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), а едно возило поседувало уреди за светлосни и звучни знаци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ