24 решенија за забрана за работа

Од:

Инспекторите на Државниот инспекторат за труд, излегоа на терен.

Издадени се 24 решенија за забрана на работа и 7 решенија за констатирани недостатоци од Закон за безбедност и здравје при работа поради утврдена непосредна опасност по здравјето на вработените заради високи температури и зголемено УВ зрачење.

До 14 часот извршени се 77 инспекциски надзори од областа на безбедност и здравје при работа на територијата на Република Македонија, од кои 73 редовни и 4 контролни.

Надзорите продолжуваат и утре и доколку се утврди непочитување на забраните ќе следуваат и прекршочни пријави од трета категорија во висина од 5.000 до 8.000 евра за правниот субјект и 500 до 1.000 евра за одговорното лице на правниот субјект.

Исто така, за утврдени други недостатоци и непреземени мерки согласно со Законот и подзаконските акти, ќе се изрекуваат соодветни прекршочни пријави“, велат од Министерството .

Би можело да ве интересира

Неготинец остана без 77.500 денари, бил жртва на вешт измамник

Мемети: Зголемен бројот на поплаки за вознемирување на работното место

Лани 33 работници загинале на работното место, најголем дел во земјоделството и во градежништвото

Татјана Ташкова

Светски ден на безбедноста и здравјето при работа

Татјана Ташкова

Потпишана новата четиригодишна Национална програма за достоинствена работа

Ана Ололовска

Дебата: „Можности и предизвици за овозможување на политики за здрави работни места‘‘

Ана Ололовска