24 општини ќе добијат по 62.000 долари за јакнење на локалната демократија

Од:

Општините Чаир, Охрид, Струмица, Свети Николе, Валандово и Велес, како и дополнителни 18 општини, кои ќе бидат избрани во ноември 2018 година и 2019 година, ќе добијат по 62.000 долари за проекти од јавен интерес кои се утврдени како приоритетни од страна на граѓаните.

Тоа беше соопштено на денешната работилница одржана по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на демократијата, каде присустуваа повеќе од 70 претседатели на општински совети и дискутираа за начините како да се направи локалната власт поинклузивна, потранспарентна и отчетна.

На работилницата, што беше организарана од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), беше објавен и јавниот повик за учество на општините во проектот „Јакнење на општинските совети“, финансиран од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка.

Општините, што ќе бидат избрани во компетитивен процес, ќе добијат обука која што ќе им помогне на општинските советници поефективно да ги надгледуваат локалните буџети и подиректно да комуницираат со граѓаните при утврдување на приоритетите за трошење на буџетски средства на општината.

По успешната обука, општините ќе ги добијат одвоените средства за проекти. На тој начин, проектот „Јакнење на општинските совети“, има за цел да ја зајакне позицијата на општинските совети во демократско носење на одлуки на локално ниво, каде што, традиционално, градоначалниците имаат доминантна улога, како и да осигура дека секој општински денар е потрошен мудро, ефикасно и транспарентно.

Проектот е и во согласност со Одржливите цели за развој кои што ги обврзуваат сите земји членки на ООН да обезбедат одговорно, инклузивно и партиципативно носење на одлуки на сите нивоа.

Би можело да ве интересира

Општини за еднодневен престој на куче во прифатилиште плаќале за 244 отсто повеќе од просечната цена

Орце Костов

Во спортките клубови завршиле над 90 отсто од парите на општините наменети за невладини организации

Орце Костов

Донесена одлука за пренамена на буџетски средства во износ од две милијарди денари за 66 проекти во општините во државава

Колева: ДПМНЕ да се заблагодари на граѓаните и на Владата за обезбедените пари за општините, не на Мицкоски

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Локалната самоуправа има три пати повеќе доверба од народот за разлика од власта

Општините и училиштата ги издаваат салите и терените нетранспаренто, без криетриуми, некогаш и без надомест

Катерина Ѓуровски