24-годишен скопјанец загина во сообраќајка кај Пробиштип, двaјца повредени во судир на воз и автомобил во Тетово

Од:

Вчера во 19.10 часот, на локалниот пат Пробиштип-с.Ратвици, на местото познато како Леговец, автомобил „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управуван од М.С.(23) од Скопје, излетал од патот и се превртел, соопшти МВР.

Во несреќата, на местото на настанот починал сопатникот Ф.С.(24) од Скопје, а возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Пробиштип, велат од полицијата.

Исто така вчера околу 18 часот било пријавено дека пред влезот на железничка станица Тетово, поточно од стојалиштето Ратае кон железничка станица Тетово, на патен премин, патнички воз кој сообраќал на релација Скопје-Кичево удрил во патничко возило „цитроен“, со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале две лица, кои се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општата болница Тетово. За време на вршење увид, во периодот од 17.46 до 20.55 часот, железничкиот сообраќај бил во прекин.

Би можело да ве интересира

Почина 34-годишник во сообраќајка на патот Виница – Берово

А1он

Тешка сообраќајка кај Кучевиште: еден загинат, еден тешко повреден

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Детали за сообраќајката на влезот во Скопје, тешко повреден е 25-годишник

Катерина Ѓуровски

Изгореа камион и автомобил кај Хиподром, сообраќајот е пренасочен

Катерина Ѓуровски

Сообраќајка меѓу три возила на експресниот пат Кочани – Штип

А1он

Прегазен е малолетен пешак во скопско Визбегово

А1он