Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
– На територија на град Скопје изречени се вкупно 238 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 62 санкции, 43 мерки за возење под дејство на алкохол, 24 мерки за прекршоци што ги прават пешаците. Изречени се 26 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за нерегистрирани возила, 10 мерки за некористење сигурносен појас, седум санкции за недавање првенство на минување на пешаци, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за прекршоци што ги прават мотоциклите, соопшти МВР.
Оттаму велат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
– Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, додаваат од Министерството.