230 санкционирани возачи во Скопје, 42 за брзо возење, 36 без возачка

Од:

На територијата на Скопје вчера се изречени 230 казни, меѓу кои за возење без возачка дозвола 36, 17 за технички неисправни и нерегистрирани возила и 24 за користење мобилен телефон.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, 42 санкции вчера се изречени и за непочитување на брзината на движење, седум за минување на црвено светло, 33 за непрописно паркирани возила и 11 санкции за неносење заштитна маска.

– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози