23-годишно момче почина откако излетало од патот со својот автомобил

Од:

Во раните утрински часови на регионалниот пат Битола – Прилеп, помеѓу село Тополчани и село Алинци, се случи сообраќајна несреќа во која почина едно лице.

Како што информираат од полицијата станува збор за 23-годишниот К.Ј. од село Секирци.

Тој управувајќи патничко моторно возило „Сеад Ибица“ со прилепски регистарски ознаки излетал од патот и починал на местото на настанот, посочиваат од МВР.

Од полицијата инфомираат дека е извршен е увид на местото на несреќата и дека се работи на расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Две сообраќајни несреќи со жртви во еден ден

Воз му ја прегази ногата на мигрант од Алжир во Гевгелија

Скопјанец ја тепал и ја избркал сопругата од дома, децата ги заклучил во тоалетот

Катерина Ѓуровски

Приведен вработен во МВР, возел во спротивна насока, а кога бил запрен, му се заканувал на полицискиот службеник

Катерина Ѓуровски

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода