229 санкционирани сообраќајни прекршоци во Скопје, 75 за недавање предност на пешаци

Од:

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

„На територија на град Скопје изречени се вкупно 229 мерки, меѓу кои за недавање првенство на минување на пешаци 75, 28 мерки за возење без возачка дозвола, 32 санкции за прекршоци што ги чинат пешаците.

Изречени се и три санкции за зборување на мобилен телефон, две мерки за неносење на сигурносен појас…“, соопштува МВР.

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, се додава во соопштението на МВР.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози