Министерството за внатрешни работи извести дека во текот на вчерашниот ден продолжило со контролите во областа на сообраќајот.
– На територија на град Скопје изречени се вкупно 228 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 18 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, 25 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се девет мерки за нерегистрирани возила, пет санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз, шест мерки за возење под дејство на алкохол, шест санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…, соопшти МВР.
– Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.