225 јавувања на СОС телефонот

Од:

Од почетокот на годината на отворената СОС линија во Детската амбасада „Меѓаши“ се регистрирани 225 јавувања од кои 25 се деца, 182 се возрасни лица, а 17 се непознати, кои контактирале преку електронска адреса или фејсбук.

Во полугодишниот извештај на „Меѓаши“ се наведува дека е забележан зголемен процент на контактирање на СОС телефонот од страна на децата, но наведуваат дека сепак е неопходно и натаму интензивно да се работи на охрабрување на децата и младите, а да се јават за да се информираат или за да пријават прекршување на нивните права.

„Кај децата јавувачи карактеристично е што на СОС телефонот се имаат обратено двојно повеќе девојчиња поточно 16, отколку момчиња чиј вкупен број е осум и имаме една анонимна дојава. Може да забележиме дека во овие шест месеци довербата на децата кон Детската амбасада „Меѓаши“ е зголемена што може да го утвидиме преку тоа што сите оние кои ни се обратиле еднаш го продлабочиле контактот преку посета во „Меѓаши“ со 33 дополнителни средби и 33 дополнителни контактирања преку СОС телефонот и електронската пошта“, посочуваат од „Меѓаши“.

Според етничката припадност на јавувачите најголем број 66 проценти се Македонци, 12 проценти Роми, 9 отсто Албанци, додека на 29 отсто не им е позната етничката припадност.

Според „Меѓаши“ овие податоци укажуваат на потреба од поголема популаризација на СОС телефонот меѓу различните етнички заедници и нивно охрабрување да ги пријавуваат и да не премолчуваат за одредени прекршувања на детските права, како што се физичкото и психичкото насилство врз децата во семејството и надвор од него, сексуалната злоупотреба.

СОС линијата за деца и млади функционира од октомври 1993 година и досега се регистрирани над 18.854 повици. СОС линијата претставува служба за директна помош и поддршка на децата, младите и нивните семејства.

Би можело да ве интересира

Деца од Битола на средба со Радев без дозвола од родителите: Злоупотреба за политички цели, тврдат од Меѓаши

Орце Костов

151 дојава на СОС линијата за деца и млади во првата полововина од 2021

Меѓаши започна онлајн кампања „Поттикни МИР“

На СОС-телефонот на „Меѓаши“ лани 240 јавувања, двојно повеќе од годината пред тоа

Катерина Ѓуровски

„Меѓаши“ прославува 27 години од постоењето

Ана Ололовска

„Меѓаши“ го промовираше прирачникот „Позитивно родителство“

Ана Ололовска