22-годишно момче од Шпанија се удави во базенот во Битола

Од:

22-годишно момче од Шпанија попладнево се удави на отворениот Олимписки базен во Битола.

Несреќата се случила околу 17 часот, а безуспешни биле обидите на лекарите од Итната помош за негова реанимација, по што е констатирана смрт кај младиот шпански државјанин кој престојувал во Битола.

Битолското МВР го потврди настанот и инфомира дека полицијата изврши увид на местото на несреќата

„Денеска во 16.46 часот во СВР Битола е пријавено дека во отворениот Олимпискиот базен во Битола се удавил шпанскиот државјанин на возраст од 22 години.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршила увидната екипа на СВР Битола.

По наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција“ велат од МВР Битола

Би можело да ве интересира

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски