22 годишниот Кристијан Бојкоски од Охрид изутринава после 4 часот е прободен со нож на главниот булевар Туристичка во Охрид.
Како што изјави за А1 директорот на болницата во Струга, Ментор Ибраими, каде Кристијан веднаш бил однесен, момчето во болницата било примено со повреди од убоди од нож во десниот дел од градите.
Повредите веднаш му биле санирани и тој во моментов се наоѓа во стабилна здравствена состојба.
Во моментов во струшка општа болница има приуство и на полиција. На местото на настанот излегол истражен судија, екипа на СВР-Охрид.
Полицијата интензивно трага по напаѓачите врз момчето.Според информации на полицијата на настанот му претходела вербална расправија во која учествувале неколку лица.