217 сообраќајни прекршоци во Скопје

Од:

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

– На територијата на град Скопје изречени се вкупно 217 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16, 13 санкции за возење без возачка дозвола, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила, три за недавање првенство на минување на пешаци.

Изречени се 20 санкции за користење мобилен телефон, 37 прекршоци што ги чинат пешаците, 16 за некористење сигурносен појас, четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), две санкции за возачи на мотоцикли и 49 санкции за непрописно паркирани возила, велат од МВР.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопштува МВР.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ