Во текот на вчерашната вечер, во периодот од 22.00 до 04.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 215 возачи. Од нив 65 на територија на СВР Битола, 42 на територија на СВР Скопје, 27 на територија на СВР Охрид, информираше портпаролот на МВР, Гоце Андреевски.
– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, додаде Андреевски.